Пред нас се
возбудувањата во рамките на 29 коло од Премиерлигата, меѓутоа во коло каде на
програмата се само четири меча, па секако дека изборот на фудбалери е доста
стеснат, а ние ќе се обидеме да го селектираме најдоброто.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Најпрво да
направиме една кратка рекапитулација на настаните од претходното коло, а ние ќе
се обидеме да го заборавиме колото каде освоивме 28 бода со нашата анализа, а
просекот изнесуваше 43.
Претходната
анализа: Двата гола противСаутемптон се добра увертира за Де Брујне против Фулам
Колото беше
разочарувачко за многумина, а во нашата анализа двајца воопшто не добија
прилика за настап, станува збор за Де Брујне од Манчестер Сити, како и
Обамејанг од Арсенал. Инаку Гвардиола целосно ги „измеша картите“, како
никогаш досега, па освен Де Брујне, на клупата за резерви го остави дури и
Гундоган, еден доста популарен фудбалер изминатиов период кај повеќето
натпреварувачи.
Сигурно многумина
останаа разочарани со голот во самиот финиш кој Ласелс го постигна против Астон
Вила, со што отпадна можноста за клин-шит на гостите, особено за голманот
Мартинез, како и бекот Таргет кои беа одлични во тие моменти, меѓутоа сето тоа
пропадна во вода.
Од останатиот
избор кој го наведовме во анализата, единствено бодови донесе напаѓачот Воткинс
кој доби асистенција во голот против Њукасл, кој инаку беше автогол, а потфрли
дури и Фернандеш против Вест Хем, каде Манчестер јунајтед едвај дојде до
минимална победа.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Се префрламе на
трансферите, каде имаме една доста интересна слика, не баш вообичаена, па така
во однос на најкупуваните фудбалери прв на листата е Бејл од Тотнем, веројатно
ова најмногу се должи на повредата на Сон. Понатаму следат Лингард од Вест Хем,
како и Кејн од Тотнем во топ тројцата најкупувани фудбалери.
Што се однесува
пак до останатите, на оваа листа се најдоа уште и Рафиња од Лидс, односно неговиот
соиграч Далас.
И повеќе од
веројатно е дека Сон нема да настапи на гостувањето на Тотнем кај Астон Вила,
иако повредата се претпоставува дека не е од посериозен карактер, меѓутоа
Мурињо има друга мака, доколку Кореецот настапи, тој ќе биде на располагање на
својата репрезентација за време на интернационалната пауза, и веројатно тука се
кршат копјата околу ова прашање. Понатаму, во најдобрите три се најдоа уште
Гундоган од Манчестер Сити, односно Бамфорд од Лидс, потег кој е чуден ако се
земе во предвид дека најавите велат дека напаѓачот ќе биде подготвен.
Во топ петте
најпродавани се уште Калверт-Луин од Евертон, односно Салах од Ливерпул.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Брајтон има убава
можност да дојде до клин-шит ова коло, ако се земе во предвид дека за противник
на свој терен го има Њукасл, а со оглед и на цената, ќе го селектираме Роберт
Санчез (4.5), за поголем дел од средствата да останат за други позиции.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Прв пик во
одбраната секако ќе биде Арон Кресвел (5.9) од Вест Хем, кој им пркоси на
триото дефанзивци на Манчестер Сити, Диаш, Стоунс и Кансело, кои се веднаш под
него во поглед на табелата за најдобри поентери кај дефанзивците. Вест Хем игра
на домаешн терен со Арсенал, што отвора можност домаќинот да ја сочува и
мрежата од својот гол, што не е многу за очекување, но познавајќи ги
квалитетите на Кресвел, тој има повеќе варијанти од својата игра кои носат
бодови.
Еден од
најдобрите во одбраната за ова коло дефинитивно е Стјуарт Далас (5.1), бекот на
Лидс кој има доста офанзивни задачи во играта на својот тим, а нема дилеми во
тоа дека сосема заслужено е помеѓу петте најдобри дефанзивци на Фантази во
поглед на бодовите. Гостувањето кај Фулам нема да биде лесно за Лидс, клин-шит
не е загарантиран, меѓутоа Далас е одлична опција и за бодови од останатиот дел
од играта. Далас досега запиша пет погодоци, три асистенции, заокружени со 9
клин-шита.
Во нашиот избор
има место и за дефанзивецот на Брајтон, Јовел Фелтман (4.4), а во
образложението за причината зошто токму холанѓанецот, ќе додадеме дека во однос
на Бен Вајт, исклучиво одлучи разликата во досегашните бонус поени, девет
наспроти два на Вајт.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Кога сме кај
средниот ред, очите на повеќемина натпреварувачи ќе бидат вперени кон Рафиња (5.6)
кој има фантастична сезона во дресот на Лидс со пет погодоци, но уште и шест
асистенции досега, а гостувањето кај Фулам отвора нова можност за Бразилецот да
блесне.
Малку му беше
потребно на Џеси Лингард (6.1) да покаже што знае и умее во дресот на Вест Хем,
каде досега постигна четири погодоци, но и две асистенции, а сето тоа во само
седум меча, па не е изненадување што е еден од најактуелните за ова коло.
Јасно е дека
повредата на Сон многумина ќе ги „пресели“ кај Герет Бејл (9.6) кој сезонава
постигна пет погодоци, но и две асистенции во дресот на Тотнем, а за
гостувањето кај Астон Вила речиси сигурно е дека ќе стартува од првата минута
во изборот на Жозе Мурињо.
Мартин Одегард (6)
брзо се адаптираше во Арсенал, а за гостувањето кај Вест Хем ќе го селектираме
и од причина што доаѓа речиси свеж, со оглед на фактот што одигра само 30
миунти против Олимпијакос во Лига Европа. Одегард во осум меча досега, но и
доста слаба минутажа претходните натпревари освен последниот со Тотнем, запиша
само еден гол, и тоа на последниот меч каде беше и најдобар играч на теренот.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Јасно е дека Хари
Кејн (11.5) без Сон ќе биде проблем во играта на Тотнем, што се потврди и на
реваншот со Динамо Загреб во Лига Европа каде Премиерлигашот доживеа шокантна
елиминација. Како и да е, првата ѕвезда на Тотнем е еден од најдобрите опции за
ова коло со мал број натпревари, а како за потсетување, во претходното кратко
коло (18) успеа да постигне гол и мечот да го заврши со одлични 8 бода на
своето конто.
Напаѓачот на Лидс
и едно од најпријатните изненадувања сезонава во Премиерлигата, Патрик Бамфорд
(6.7) има статус на повреден во пресрет на ова коло, меѓутоа и самиот тренер
Марсело Биелса навести дека повредата не е од посериозен карактер, односно не
од карактер да го спречи да настапи, па ако му веруваме на аргентинскиот
фудбалски стратег на таа изјава, тогаш јасно е дека Бамфорд би можел да почне
уште од првата минута на гостувањето кај Фулам.
Оли Воткинс (6.6)
има одлична сезона во дресот на Астон Вила во Премиерлигата, досега постигна
десет погодоци, а реализираше уште и шест асистенции, што е доволно да биде во
топ петте напаѓачи по однос на бодовите, а секако ќе биде и еден од
најактуелните ова коло, иако неговиот тим игра против Тотнем.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Предлог-состав: Санчез (4.5); Кресвел (5.9), Далас (5.1), Фелтман (4.4); Бејл (9.6), Лингард (6.1), Одегард (6),
Рафиња (5.6); Кејн (11.5),
Бамфорд (6.7), Воткинс (6.6)
Капитен: Кејн
Заменик капитен: Бамфорд
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Во завршниот дел
од анализата ќе се осврнеме на актуелната ситуација во однос на генералниот
пласман на Македонија, а истовремено ќе ги проследиме и случувањата во лигата
на „24фудбал“.
Во генералниот
пласман на Македонија лидер е Александар Чангов со досега освоени 1957 бода,
имате можност да го проследите неговиот избор од претходното коло.
Што се однесува
пак до лигата на „24фудбал“, таму лидер е Славе Гонев со досега освоени 1917
бода, имате можност да се запознаете и со неговиот избор од претходното коло.
Среќно до сиге
натпреварувачи и ова коло, не заборавајте да се приклучите во лигата на „24фудбал“,
кодот е следен: unckad