„24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“: Двата гола против Саутемптон се добра увертира за Де Брујне против Фулам

by
10 минути читање

Добредојдовте во
најновото издание од едицијата „24фудбал скаут фантази“ како помошна алатка за
сите наши натпреварувачи на Фантази Премиерлига, ново коло, нови возбудувања,
но и дилеми околу составувањето на тимот.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Пред нас се
возбудувањата во рамките на 28 коло, кое почнува со мечот помеѓу Њукасл и Астон
Вила вечерва, а се затвора со дуелот помеѓу Вулверхемптон и Ливерпул во
понеделник, па имајте на ум дека денеска до 19 часот е крајниот рок за
заклучување на финалниот избор на тимот.

Традиционално ќе
направиме еден рекапитулар на случувањата од претходното коло, немаме многу што
да се пофалиме ако се земе во предвид фактот што нашата анализа донесе 48 бода
во коло каде просекот изнесуваше 60 бода.

Претходната
анализа
: Салах го троши последниот кредит, против Фулам „да се биде или не“

Најпрво ќе
наведеме дека и повеќе од очигледна е кризата со Манчестер Сити во играта во
дефанзивната линија, а за тоа сведочат четири меча во низа примени голови, а
секако тоа што е најголемо разочарување на оваа тема е фактот што „Граѓаните“
имаа две двојни кола во низа, но, ништо од изборот во нивната дефанзивна
линија, а ние ги препорачавме претходното коло голманот Едерсон, како и Диаш,
односно Стоунс, а впрочем Таргет од Астон Вила освои речиси двојно повеќе од Диаш
и Стоунс во само еден меч (6).

Како и да е,
најголемото разочарување дефинитивно е Салах, кој повторно разочара милиони
натпреварувачи, па така во минималниот пораз на Ливерпул од Фулам на свој
терен, Египјанецот продолжи во сивилото на својот тим, па веќе се поставува
прашањето дали има логика да се продолжи со него во тимот понатаму.

Обамејанг и Бејл
беа полн погодок во нашиот избор, првиот постигна гол против Барнли во ремито
од 1-1 за Арсенал, а секако ќе имаше уште една можност, овој пат од пенал да не
се случеше скандалозното одбивање на одлука за удар од белата точка по играњето
со рака во казнениот простор на домаќинот, а Бејл веќе влезе во посакуваниот
ритам за Тотнем, постигнувајќи два гола во мечот против Кристал Палас и
убедливата победа од 4-1 на која „царуваше“ Кејн.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Пред самата
селекција на фудбалери, се префрламе накратко да ја проследиме актуелната
состојба со трансферите, а таму сосема логично неверојатниот двоец на Тотнем се
најде на првите две места.

Најкупуван
фудбалер е Бејл од Тотнем, а веднаш по него, неговиот соиграч Кејн, а овој
двоец може да биде одлична опција во пресрет на 29 коло каде имаме доста
скратени опции со оглед на фактот што на програмата ќе бидат само четири меча, а
во истата ќе биде дел и Тотнем.

Водечката тројка
на најкупувани фудбалер ја комплетира Маунт од Челси кој игра во одлична форма,
а потоа следат Ришарлисон од Евертон, како и Шо од Манчестер јунајтед.

Тоа што се
најавуваше, дефинитивно полека но сигурно се остварува, па така најпродаван
фудбалер во пресрет на новото коло е Салах од Ливерпул, една доста невообичаена
слика со трансферите секако, но формата на Египјанецот не ветува воопшто откако
четири меча во низа не успеа да погоди, па сосема разбирлива е реакцијата на
натпреварувачите.

На оваа листа се
најдоа уште четворица повредени фудбалери, меѓу кои Ингс од Саутемптон, Барнс
од Лестер, Грилиш од Астон Вила, односно Медисон од Лестер.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Голманот на Астон
Вила, Емилијано Мартинез (5.4) има сезона за паметење, сигурно дека ретко кој
очекуваше ваков епилог, но јасно е дека мотивацијата кај Аргентинецот е на
огромно ниво, и тешко дека некој би можел да го сопре, особено не Њукасл кој
сигурно мака ќе мачи како да го надмудри вечерва.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Мечот на домашен
терен против Барнли отвора голема можност за клин-шит на Евертон, а можеби и
нешто повеќе од Лука Дињ (6.2) кој има доста офанзивни задачи на теренот по
левата страна.

Иако постои
одредена криза во играта во последната линија позади кај Манчестер Сити, сепак
ќе му укажеме доверба и на Рубен Диаш (6.1) кој и повеќе од веројатно е дека не
е дел од лудите ротации на Гвардиола кој постојано менува, за што сведочи и
досегашната минутажа на стоперот.

Рикардо Переира (5.9)
секако дека ќе му треба време за да се врати во својата препознатлива форма по
долгиот период отсуство поради повреда, но бекот на Лестер веќе бележи низа од
неколку натпревари со долга минутажа на теренот, па на мечот на домашен терен
против Шефилд Јунајтед сигурно ќе биде една од главните опасности кон голот на
гостите.

За пофалба е
секако и соиграчот на Мартинез, Мет Таргет (5) кој исто има фантастична сезона
зад себе, а гостувањето кај Њукасл отвора можност за нов клин-шит, односно меч
без примен гол, што би бил вкупно 15 сезонава, што секако е еден неверојатен
податок.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Двата гола против
Саутемптон претходното коло се одлична увертира за Кевин Де Брујне (11.9),
односно за гостувањето на Манчестер Сити кај Фулам, екипа која воопшто не треба
да ја потцениме, меѓутоа Белгиецот полека но сигурно се враќа во својата
препознатлива форма и сигурно ќе биде од голема помош за своите соиграчи за
тимот да остане на врвот до крајот.

Докажано е, не можете
на Фантази без неверојатниот Бруно Фернандеш (11.5) од Манчестер јунајтед, се

останато е ризик кој можете „дебело“
да го наплатите, а доколку го продадовте минатото коло, тоа ве чинеше 10 бода,
со тоа што Португалецот погоди и кај Манчестер Сити во победата од 0-2, а сега
на домашен терен го очекува дуел против Вест Хем, екипа која има фантастична
сезона под кормилото на Дејвид Мојс.

Не треба многу да
се зборува за големото ривалство помеѓу Арсенал и Тотнем, па сигурно дека
мотивацијата кај обете екипи ќе биде на мошне високо ниво викендов, а тука е
секако и капитенот на „Топчиите“, Пјер-Емерик Обамејанг (11.4) кој за очекување
е да биде прва опасност кон голот на гостите.

Герет Бејл (9.5)
се врати, Велшанецот запиша четири погодоци на последните три меча што е
одличен учинок за него, а тој многу добро знае што значи меч против лутиот
градски ривал Арсенал на кого Тотнем му гостува ова коло.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Ришарлисон (8) за
момент го стави во сенка неговиот соиграч од Евертон, Калверт-Луин, откако
Бразилецот бележи фантастична низа од четири погодоци на последните пет меча,
што е одлична увертира за мечот на домашен терен против Барнли.

Гостувањето на
Астон Вила кај Њукасл, нуди голема можност од Оли Воткинс (6.6), кој сезонава
постигна десет погодоци, а реализираше уште и пет асистенции, а ова коло би
можел да го сопре постот од цели пет меча без постигнат гол.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Предлог-состав: Мартинез (5.4); Дињ (6.2), Диаш (6.1), Переира (5.9), Таргет (5);
Де Брујне (11.9), Фернандеш (11.5),
Обамејанг (11.4), Бејл (9.5)
; Ришарлисон (8), Воткинс (6.6)

Капитен: Кевин Де Брујне

Заменик-капитен:
Ришарлисон

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Во завршниот дел
ќе одвоиме и место за да ја пренесеме актуелната ситуација на табелите во
генералниот пласман на Македонија, како и лигата на „24фудбал“.

Во генералниот
пласман на Македонија лидер е Александар Чангов со досега освоени 1912 бода, имате
можност да го проследите неговиот избор од претходното коло.

Што се однесува
пак до лигата на „24фудбал“, таму лидер е Славе Гонев со досега освоени 1879
бода, имате можност да го проследите и неговиот избор од претходното коло.

Среќно до сите
натпреварувачи и ова коло, не заборавајте да се приклучите во лигата на „24фудбал“,
кодот е следен
: unckad

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани