17 години, стартер, одличен меч, овации од цел стадион… и си отиде дома со изнајмен велосипед (ФОТО)

by
2 минути читање

Во фудбалот има
многу пари, во денешно време и оние најмладите заработуваат убаво. Милионите
знаат да им удрат во глава на фудбалерите, но ова очигледно не важи и за
тинејџерот на Реал Сосиедад, Андер Баренечеа.

Тој во декември,
на пет дена пред својот роденден, доби шанса да дебитира во првиот тим со само
16 години и стана првиот играч роден во 21-от век со настап во Примера.

Овој месец одново
му беше укажана шaнса, и доби минутажа на пет од последните шест натпревари да
покаже што умее со 17 години и 4 месеци.

Синоќа против
Хетафе беше стартер, имаше одличен меч, а кога беше заменет во 91. минута,
доби овации од целиот стадион.

Но тој
дополнително ги воодушеви фудбалските љубители откако беше забележан како во тренерки
на Реал Сосиедад, со ранецот на грб си оди дома во Сан Себастијан со изнајмен
велосипед.

И покрај тоа што
стана популарен, Андер Баренечеа не ги менува секојдневните навики. Тој на
тренинг често доаѓа, а потоа и си оди дома со велосипеди кои градот ги има поставено на различни
локации, за граѓаните да можат да се движат слободно и еколошки.

Секако една од
причините за ова е тоа што тој се уште нема возачка дозвола, но убаво е да се
види една ваква слика. За неколку години можеби и тој ќе се вози со луксузен
автомобил како и останатите првотимци на Сосиедад, но барем во моментов тој се
однесува нормално и им дава добар пример на своите врсници.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани