„Светците“ попладнево
излегоа со официјален став откако синоќа беше објавено дека Реал Мадрид на маса
ставил 160 милиони евра за услугите на Килијан Мбапе.
Спортскиот
директор Леонардо одби да навлегува во детали, но призна дека шпекулациите
горе-долу се точни. Тој исто така порача дека понудата е далеку од цената за
која тие веруваат дека е фер и нагласи дека Французинот ќе замине само под
нивни услови.
Па Марка реши да направи
анализа за тоа колку пари се потребни за трансфер на Килијан Мбапе, доколку се
сумира се она што попладнево го кажа Леонардо. Спортскиот директор ја спомна
сумата која тие ја платија за фудбалерот пред 4 години (180 милиони евра), како
и фактот дека Монако чека голема исплата доколку се реализира трансфер (35
милиони евра). Доколку ПСЖ сака во целост да ја врати инвестицијата, тоа би
значело 215 милиони евра.
Леонардо исто
така објаснуваше дека Килијан Мбапе повеќе не е 18 годишното момче кое тие го
купуле, туку еден од најдобрите во светот, па ова може да се протолкува како желба
на „светците“ за предлог како оној рекордниот на Нејмар од 222 милиони евра.
Утрово Л’Екип
објави дека ПСЖ ќе даде зелено светло за продажба на Килијан Мбапе доколку
добие предлог тежок околу 200 милиони евра.
Се верува дека
Реал Мадрид има нешто над 200 милиони евра на страна, пари наменети за ново „галактико“ засилување,
но прашање е дали „кралевите“ се подготвени да платат толку многу за фудбалер
кој може беспари да биде ангажиран за 12 месеци.