Очигледно 13 години
се малку за Хоакин да му прости на Роналд Куман за недоразбирањата кои ги имаа.
Кога Холанѓанецот
во 2007 го превзеде кормилото на Валенсија, веднаш ги шкртна великаните на овој
клуб како Сантијаго Кањизарез, Давид Албелда и Мигел Анхел Ангуло, на кои им беше кажано
да си бараат нов клуб. Стратегот влезе во конфликт со уште неколку играчи
помеѓу кои и Хоакин, атмосферата на Местаља беше токсична па Роналд Куман не го
дочека крајот на сезоната и доби отказ.
„Тоа воопшто не
беше убаво искуство, но понекогаш мора да поминете низ сито и решето. Не сакам
да зборувам за тоа, ме боли кога ќе се се присетам на работите што се случуваа,
тоа беа лоши времиња“ – вели Хоакин, кој овој викенд со Бетис ќе гостува кај
Барселона и Куман.
Запрашан дали би
го ангажирал Роналд Куман за тренер на Бетиз, Хоакин додава: „Не би го
ангажирал ниту за економ“.
„Видете, јас
свртев нов лист, си кажавме тоа што имавме да си кажеме. За среќа не остана
долго на клупата, па успеавме колку толку да ја спасиме сезоната и да избегнеме
катастрофа“.
Запрашан дали ќе
му пружи рака, Шпанецот вели: „Нe, ниту јас ќе го поздравам него, ниту тој ќе
ме поздрави мене“.