245
Според најголемиот дел од италијанските медиуми, Јувентус и Милан го договориле трансферот на централниот дефанзивец, Пјер Калулу.
Договорот е за едногодишна позајмица со опција трансферот да стане перманентен.
Јувентус ќе му плати на Милан 3,5 милиони евра за позајмицата на Калулу, а доколку сака целосно да го откупи фудбалерот ќе плати уште 14 милиони евра плус 3 милиони евра во бонуси.
Милан исто така ќе има и 10 проценти од следниот трансфер на Калулу.
Јувентус сега треба да ги договори личните услови со фудбалерот, се верува дека тоа нема да биде проблем.