117
Јувентус киксна на свој терен откако одигра 1-1 против Каљари, тоа беше прв примен гол за Старата Дама во Серија А оваа сезона.
Дури во седмото коло Јувентус првпат прими гол, а тоа го чинеше два бода помалку од планираното.
Мечот почна одлично за Јувентус, со гол на Влаховиќ од пенал во 15. минута поведоа со 1-0.
Тој резултат беше актуелен се до 88. минута кога Марин даде гол исто така од пенал и изедначи на 1-1.
Камбијасо доби втор жолт поради симулирање во 89. минута и беше исклучен. Првиот жолт го доби пет минути претходно.
Мечот го одбележа и ова големо промашување на Влаховиќ.