194
Екипата на Шкупи во рамките на третото коло на ПМФЛ се радуваше во скопското дерби против Вардар со убедливи 3-0.
За време на овој натпревар на „Чаир“, ретко кој забележа дека Шкупи му го промаши презимето на еден свој фудбалер. Се работи за новото засилување од Јапонија, Јумеми Канда. Наместо правилното презиме, на дресот на Јапонецот стоеше Јумени.
Тој на својот Инстаграм профил објави фотографија од соблекувалната и напиша кратко: „Јас сум Јумеми“.