150
Германскиот дефанзивец, Матс Хумелс во новата сезона би можел да настапува во шпанската лига доколку се договори со Реал Сосиедад.
Откако замина од Борусија Дортмунд, Хумелс е слободен играч. Информациите велат дека тој е во напредни преговори со Реал Сосиедад.
Се чека конечната одлука на фудбалерот. Хумелс е цел број еден за дефанзивата на Реал Сосиедад.