1K
Екипата на Барселона по сè изгледа ќе направи тренерска смена ова лето. Сагата со Чави Хернандез доби нова димензија кога тој отворено зборуваше за можностите (или неможностите) на трансфер пазарот, а тоа не им се допадна на челниците кои сега ќе го заменат.
Како прв кандидат за клупата на каталонскиот гигант е поранешниот тренер на Баерн Минхен и селектор на Германија, Ханси Флик.
Според пишувањата на угледниот Фабрицио Романо, Флик е подготвен да ја чека Барселона која е негов приоритет за следна средина. За Германецот би било исполнување на сонот да седне на клупата на Барса, па поради тоа ќе почека разврска на ситуацијата со Чави.