181
Славниот Мирчеа Луческу на 79-годишна возраст по вторпат стана селектор на репрезентацијата на Романија.
Луческу потпиша договор на две години и за него ова е враќање на клупата на Романија која ја водеше пет години од 1981 до 1986 година.
Главната задача на клупата на Романија за Луческу ќе биде пласман на Светското првенство во 2026 година кое се игра во САД, Канада и Мексико.
„Ќе се обидеме да се пласираме, тоа е нашата главна цел. Имаме тренер со големо искуство и верувам дека е вистинскиот човек за успех“, изјави претседателот на Фудбалската федерација на Романија, Разван Бурлеану.