Реал Мадрид размислува да му даде нов договор на хрватскиот ветеран

by Иван
1 минути читање

Реал Мадрид игра одлична сезона. „Кралевите“ се пред трофеј во шпанската Ла Лига, а во Лигата на шампионите се во полуфиналето и во Мадрид ќе се обидат да го исфрлат германски Баерн по ремито во Минхен (2-2).

Во периодот пред крајот на сезоната, одново се актуелизира приказната околу Лука Модриќ. Хрватскиот ветеран сезонава е во втор план во тимот на Карло Анчелоти, ама кога и да добие шанса го дава својот максимум да му помогне на тимот. Иако има 38 години, Модриќ и натаму сака да остане на „Сантијаго Бернабеу“.

Делува дека чувството е взаемно, бидејќи шпанските медиуми пишуваат дека Реал размислува да му понуди договор. Станува збор за соработка на уште една сезона, која дефинитивно би била последна за Модриќ во Мадрид.

Интерес за хрватскиот виртуоз постои од Саудиска Арабија и МЛС лигата во САД, додека и Динамо Загреб сонува дека ќе го врати Модриќ на крајот од кариерата во своите редови. Сезонава Хрватот има нешто помалку од 2.000 минути во дресот на Реал Мадрид, на 40 натпревари низ сите конкуренции, а на половина од нив беше резервист.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани