224
Поранешниот тренер на Милан, Стефано Пиоли се поврзува со тренерското столче на Рен, клубот каде што спортски директор е Федерико Масара кој работеше за росонерите.
Пиоли се уште е без ангажман, тој беше блиску до преземање на Ал Итихад, но работите со клубот од Саудиска Арабија пропаднаа во последен момент.
Сега Италијанецот се поврзува со Рен. Сегашниот тренер Жулиен Стефан би можел да добие отказ пред стартот на сезоната.
Минатиот месец спортски директор на Рен стана Масара и тој е подготвен да направи големи промени во клубот, а една е да го донесе Пиоли на тренерската позиција.
Масара беше директор во Милан од 2019 до 2023 година.