225
Ориол Ромеу кој во сезоната 2022/23 беше член на Жирона, се враќа во овој клуб, овојпат на позајмица.
Барселона во 2023 година го купи Ромеу од Жирона и потпиша тригодишен договор со него, по една година помината во каталонскиот клуб, тој се враќа во најпријатното изненадување од минатата сезона.
Барселона информираше дека Ромеу ги напуштил подготовките на тимот. Тоа значи дека следува комплетирање на неговата позајмица во Жирона.