233
Олимписката репрезентација на Египет слави во дербито на групата Ц против Шпанија со 1-2 (0-1) и од првото место ќе оди во четвртфиналето на турнирот.
„Црвената фурија“ веќе си имаше обезбедено место во нокаут фазата, па играше растеретно, па успеа да го загуби првото место во групата.
Двоен стрелец за Еѓипќаните беше Ибрахим Абел, кој во 40. и 62. минута, за двојна предност (0-2). Во финишот Шпанците преку Омородион успеаја да намалат и да го ублажат поразот.
Нерешени 1-1 одиграа Доминиканската Република и Узбекистан, останувајќи без шанси за првите две позиции во групата.