243
Француската ѕвезда Килиан Мбапе реши дел од своето богатство да го насочи кон фудбалот во својата земја.
Новата деветка на Реал Мадрид купи мнозински дел од акциите во поранешниот француски прволигаш Каен. Мбапе плати 20 милиони евра за оваа зделка, а доби околу 80% од акците. Ко-сопственик на останатиот дел од акциите останува Пјер-Антон Каптон.
Со 25 години Мбапе стана најмлад сопственик на фудбалски клуб во Европа, бидејќи досега „титулата“ ја држеше Кирил Луј Драјфус, 27-годишниот газда на Саутемптон.
Интересно е дека Каен е клуб во кој Мбапе требало да игра како дете. Скаутите на овој клуб го забележале неговиот потенцијал и сакале да го доведат во своите редови, но до такво нешто на крајот не дојде.