193
20-годишниот Самуел Мбангула кој е од школата на Јувентус, синоќа изненадувачки доби место во стартниот тим на Јувентус на мечот против Комо.
Токму Мбангула го постигна првиот гол на овој дуел кој заврши со победа на Јувентус од 3-0.
„Ова се посебни емоции бидејќи ова беше мој прв меч во Серија А, првпат играв официјален меч со сениорскиот тим. Многу сум среќен“, вели Мбангула.
„Кога го дадов голот, помислив дека е ова сон кој го сонувам. Кога го слушнав стадионот со сите фанови, чувството беше неверојатно“.