Лудо: Пет асистенции и гол на Меси во едно полувреме, хет-трик за Суарез! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Интер Мајами со 6-2 го победи Њујорк Ред Булс, неверојатно шоу имаа Лионел Меси и Луис Суарез во второто полувреме кога беа постигнати сите погодоци за домаќините.

По првото полувреме водеше Њујорк со 1-0, а во вториот дел се случи нешто досега невидено.

Интер Мајами во вторите 45 минути даде шест гола и на крајот славеше победа од 6-2. Лионел Меси учествуваше во сите шест погодоци, даде еден гол и имаше дури пет асистенции.

Последните три гола беа дело на Луис Суарез кој го постигна првиот негов хет-трик во МЛС.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани