158
Падна договор, Ливерпул и Валенсија го договорија трансферот на грузискиот голман Гиорги Мамардашвили.
Ливерпул за Мамардашвили ќе плати 35 милиони евра плус Валенсија ќе има процент од следната продажба.
Грузиецот ќе ги помине медицинските тестови и ќе потпише за Ливерпул, но ќе остане во Валенсија каде ќе игра на позајмица до крајот на оваа сезона.
Останувањето на Мамардашвили е лоша вест за Димитриевски кој ќе треба да седи на клупата на Валенсија или да најде нов клуб во наредните неколку дена.