116
Екипата на Шалке од Гелзенкирхен се соочува со сериозни финансиски проблеми поради кои и се заканува дури и банкрот.
Шалке е во долгови кои изнесуваат 168 милиони евра, а сега клубот за да се спаси од кризата ќе продава и акции од „Белтинс арената“. Акциите ќе се продаваат по цена од околу 750 евра.
Пред три години Шалке испадне од Бундеслигата и дека сегашната ситуации не е добра покажува и ситуацијата на табелата во второлигашката конкуренција каде што се на 13. место од 18 екипи.
Во случај клубот да не го врати долгот следи исфрлање во аматерски ранг, а продажбата на акциите според најавите би требало да започне за еден месец.