173
Навивачите на Вардар реагираат по поразот од Шкупи на Чаир со 3-0, тие упатија опомена до раководството на клубот.
Вардар финансиски се стабилизираше, има и генерален спонзор кој вложи милион евра, но црвено-црните на првите две гостувања оваа сезона примија вкупно шест голови.
Вардар изгледаше немоќно и во Струмица и на Чаир, а не блескаше ниту во дербито против Пелистер кое сепак го доби.
Навивачите на Вардар рано во сезоната, го вперија прстот во управата. Тие објавија пост на кој пишува: „Рибата смрди од главата, последна опомена за управата“.
Во наредното коло Вардар ја пречекува екипата на Воска.