Кан за грешката на Нојер: Тоа е дел од голманскиот брутален живот!

by riste
1 минути читање

Оливер Кан на покана на Реал Мадрид вчера во живо на Бернабеу го следеше мечот меѓу кралскиот клуб и Баерн Минхен.

Нојер беше виновник за првиот гол на Реал Мадрид, па Кан беше прашан за споредба со грешката која тој ја направи во финалето на Светското првенство во 2002 година.

„Во 2002 година ние се уште имавме време. За жал, Мануел направи грешка во 88. минута. Пред тоа имаше одлични одбрани. Тоа е дел од голманскиот брутален живот. Мануел е доволно искусен да се справи со тоа. Баерн беше блиску, жал ми е за момците“, рече поранешниот претседател на Баерн и легендарен голман, Оливер Кан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани