И да го загуби финалето од Реал, Дортмунд пак ќе има причина за задоволство

by riste
1 минути читање

Борусија Дортмунд веќе направи огромен успех со пласманот во финалето од Лигата на шампионите, а кога е веќе таму ќе сака и да го освои, но и тоа да не се случи, имаат утешна награда.

Ако Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите, Борусија Дортмунд ќе добие дел од вкупниот бонус во договорот за трансферот на Џуд Белингем.

Вкупниот бонус кој може да го добие Дортмунд за овој трансфер изнесува 30 милиони евра, а делот за освојување на Лигата на шампионите е пет милиони евра. Таа е сумата која би ја добиле од кралскиот клуб доколку го загубат финалето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани