196
Реал Мадрид пред 45.000 фанови на Сантијаго Бернабеу го претстави новиот напаѓач, големиот бразилски талент, Ендрик.
Ендрик имаше големи емоции на претставувањето, плачеше тој, плачеше и неговото семејство.
„Го живеам сонот. Бев огромен фан на Кристијано Роналдо, порано него сакав да играм тука“, вели Ендрик.
„Милитао, Винисиус и Родриго ми помогнаа многу. Зборувавме многу за Реал Мадрид. Се надевам дека тука ќе останам до крајот на кариерата. Му благодарам на Бог за оваа шанса, да им помогнам на соиграчите на и надвор од теренот. Ќе ги слушам советите од сите постари фудбалери тука“.