92
Фудбалерите на Наполи славеа минимална победа во натпреварот против Емполи во рамки од осмото коло во Серија А.
Емполи добро го започна натпреварот и во првиот дел беше подобар противник. Како играше Наполи во овој дел најдобро покажува тоа што гостите не упатија ниту еден удар во рамките од противничкиот гол.
Но, сликата во вториот дел се промени, лидерот на табелата ја презема иницијативата и започна да игра подобро, сепак повторно Наполи не создаваше некои посебно добри прилики.
Моментот на одлука се случи во 63. минута кога Квича Кварацхелија реализираше најстрога казна.