Де Роси барал совет од Алегри како да го победи „непобедливиот“ Леверкузен!

by riste
1 минути читање

Рома ќе има тешка мисија да ја надополни негативата од 2-0 и тоа на гостински терен кај Баер Леверкузен кој нема пораз оваа сезона во ниту едно натпреварување.

Вчера Рома одигра 1-1 против Јувентус, а Де Роси призна дека побарал совет и од Масимо Алегри како да му се спротивстави на Леверкузен.

„Треба да веруваме како тоа да е нешто лесно што може да се направи. Не треба да брзаме. Не треба да дадеме пет голови, потребни ни се само два. Дури и побарав совет од Алегри, тој рече дека е во ред дури и да дадеме гол во 60. минута“, вели Де Роси.

„Не треба да одиме таму и да ги бомбардираме. Кога тие имаат простор, многу е тешко да се игра против нив. Треба да бидеме енергични, но исто така и интелегентни, знаејќи дека мечот трае долго време“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани