81
Екипата на Гостивар во наредниот период ќе добие нов тренер откако од клупата на овој тим си замина Муарем Муарем.
Поранешниот репрезентативец на Македонија во Гостивар беше тренер заедно со Блажо Панов, меѓутоа во клубот следат промени за кои сопствениците се надеваат дека ќе ги одведат на врвот на табелата.
Гостивар во летниот преоден рок доведе скапо платени фудбалери, па затоа и очекувањата се високи.
Засега не е познато кој ќе биде новиот стратег.