262
Македонскиот прволигаш, Гостивар и официјално го потврди ангажманот на поранешниот марокански репрезентативец, Набил Дирар.
Гостиварчани со видео и претходно го најавија доаѓањето на Дирар, а сега потврдија дека тој го потпишал договорот.
Дирар е играч за кој Монако своевремено платил и шест милиони евра, тој играл и за Фенербахче. Настапувал во Лигата на шампионите со овие клубови, а во 2017 го освоил и француското првенство со Килијан Мбапе во тимот.
Во меѓувреме неговата вредност е значително падната, во Гостивар дојде од клуб од Луксембург, па засега е мистерија на кое ниво би настапувал во македонското првенство, без разлика на големото минато.