202
Според последните информации германскиот стратег Томас Тухел е главен фаворит за наследник на Ерик Тен Хаг на клупата на Манчестер Јунајтед.
Медиумите на Островот пренесуваат дека во клубот го гледаат Тухел како идеално решение за излез од кризата.
51-годишниот стратег е подготвен да се врати во Премиер лигата и наводно смета дека англиската филозофија е онаа која што совршено му одговара.
Тухел последниот ангажман го имаше на крајот од сезоната 2023/2024 кога го напушти Баерн Минхен и во овој момент е без ангажман. Во кариерата беше тренер уште на: Челси, ПСЖ и Борусија Дортмунд.