242
Вест Хем е во исклучително активен период од преодниот рок, чеканите во наредните часови ќе комплетираат три засилувања.
Во клубот доаѓа напаѓачот на Борусија Дортмунд, Никлас Филкруг за кого Вест Хем плаќа 27 милиони евра плус 5 милиони евра во бонуси.
Тој денеска ќе ги помине медицинските прегледи по што ќе стави потпис на договорот.
За денеска медицинските прегледи има закажано и Гидо Родригез кој пристигнува како слободен играч откако му заврши договорот со Бетис.
Третиот играч е Самервил за кого Вест Хем на Лидс ќе му плати околу 25 милиони евра.
Тука нема да заврши преодниот рок за Вест Хем, тие наскоро сакаат да го ангажираат и Арон Ван Бисака од Манчестер јунајтед.