142
Maкедонскиот голман Столе Димитриевски не добива шанса во Валенсија, но и во таква ситуација одигра два фантастични натпревари за репрезентацијата и не беше совладан.
Неговите настапи не поминаа незабележано и од шпанскиот тим кој го опиша Димитриевски како „ѕидот на Македонија“.
Ѕидот на Македонија…Голманот на Валенсија стартуваше во двата натпревари и не прими гол“, објави шпанскиот клуб.
Oд своето доаѓање во клубот Димитриевски е резерва на Грузиецот Мамардашвили.