160
Eкипата на Башкими во Велес го победи Борец со минимални 1:0.
Голот на одлука го постигна Ардит Демири, а тој на крајот се покажа и како доволен за тимот на Башкими да стартува со три бода.
Кумановскиот состав во сезоната влегува со големи амбиции и желбите се место во ПМФП, па ќе видиме како ќе изгледаат во продолжение од сезоната.
Инаку, овој дуел требаше да се одигра пред три дена како и останатите од првото коло, но беше одложен.