114
Во седиштето на УЕФА се комплетира уште една ждрепка, за бараж натпреварите во Лигата на Европа.
Македонија би можела да има два индивидуални претставници во плеј-оф фазата пред пласман во главната фаза во Лигата на Европа.
Енис Барди и Трабзонспор во третото коло играат против Рапид Виена, а доколку го елиминираат австрискиот ривал би се судриле со победникот од двомечот на Брага и Сервет.
Од друга страна, голманот Дамјан Шишковски со Борац Бања Лука ќе одигра двомеч против КИ Клаксвик од Фарските Острови. Доколку успее да го мине ривалот, Борац оди на мегдан со поразениот од двомечот на Мидтјиланд и Ференцварош, кои играат во Лигата на шампионите.