126
Арсенал повторно треба да биде кандидат за титулата од Премиерлигата, топчиите досега го промовираа Калафиори, а наскоро ќе го објават и ангажманот на Мерино.
Се шпекулира дека Арсенал сака да ангажира и напаѓач, а Осимен од Наполи и Лукман од Аталанта се имињата со кои се поврзува.
До крајот на преодниот рок има уште помалку од десет дена, а Артета вели дека во овој период може да има и изненадувачки имиња.
„Се може да се случи, треба да бидеме подготвени. Многу изненадувања може да се случат. Ќе бидеме подготвени“, изјави Артета на прашањето што може да се случи во последните денови од преодниот рок.