231
Арсенал се враќа во трката по напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен и е подготвен да плати 100 милиони евра за напаѓачот за кој се интересираат и Челси и ПСЖ.
Наполи е пред трансфер на Лукаку, а тоа значи дека откако ќе го комплетираат потпишувањето со Белгиецот, ќе се насочат кон продажба на Осимен.
Наполитанците сакаа да добијат 130 милиони евра за Осимен, но нема клуб кој сака да ја плати таа сума.
„Кориере дело Спорт“ пишува дека Арсенал е подготвен да се врати во трката со нова понуда од 100 милиони евра, тоа ќе биде и највисока понуда која ја добил Наполи досега.
Доколку ПСЖ и Челси не се вклучат во наддавањето, големи се шансите Арсенал да ја добие трката по Нигериецот.