Јуве знае како се освојуваат трофеј, преку Аталанта го освои Купот (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Најтрофејниот во Копа Италија, екипата на Јувентус дојде до својот 15. трофеј во ова натпреварување. „Старата дама“ во финалето кое се одигра на римски „Олимпико“ беше подобар од Аталанта и ја совлада минимално со 0-1. Човек на одлука беше српскиот интернационалец Душан Влаховиќ, кој го даде единствениот гол за својот тим.

По само четири минути Јувентус дојде до водство. Камбиасо го проигра Влаховиќ кој одлично се движеше и успеа да стрела во мрежата на Аталанта за 0-1. Алегри успеа да го умртви темпото од средбата во продолжението и Јуве практично „паркира автобус“ пред својот гол.

Тимот од Бергамо се обидуваше да пронајде решение и да го пробие бедемот, меѓутоа немаше сили за такво нешто. Во второто полувреме по еднаш се тресеше рамката од двата гола, Влаховиќ даде уште еден гол кој беше поништен поради минимален офсајд, а во неколку наврати играчите лесно паѓаа во обид да добијат пенал.

Конечниот епилог беше победа и славје на „старата дама“. Јувентус го крена својот 15. трофеј и е далеку најтрофеен во ова натпреварување, по него следат Рома и Интер со по девет.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани