Јуве го доби најдобриот голман во Серија А, познати се деталите

by riste
1 минути читање

Јувентус во следната сезона ќе биде со нов голман, Микеле Ди Грегорио ќе го брани голот на Старата Дама, тој таму доаѓа од Монца.

Ди Грегорио беше голман на сезоната во Серија А, а Јувентус успеа да го договори неговиот потпис.

Постигнат е договор со Монца која ќе добие отштета од 18 милиони евра плус дополнителни 2 милиони евра во бонуси.

Монца ќе почне да ги добива парите од 2025 година бидејќи официјално договорот ќе гласи едногодишна позајмица со обврска за откуп.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани