Јувентус водеше, но Алегри ги загуби нервите и почна да се соблекува (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Јувентус го кренаа пехаров во Копа Италија, откако ја совладаа Аталанта минимално со 0-1. Херој на мечот на „Олимпико“ беше српскиот интернационалец Душан Влаховиќ кој го даде решавачкиот погодок, а имаше и еден поништен гол поради минимален офсајд.

Иако неговиот тим водеше и беше пред победа, тренерот Масимилијано Алегри ги загуби нервите во финишот. Судијата Мареска му покажа црвен картон, а тој прво го фрли своето палто, а потоа ја извади и вратоврската.

Лутиот Алегри се расправаше со четвртиот судија, но и со некој на трибината зад клупата на Аталанта додека одеше кон соблекувалната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани