77
Поранешниот македонски репрезентативец, Адис Јаховиќ потпиша за нов клуб во Турција, вкупно шести во оваа земја, сега ќе го носи дресот за Нарлидере Беледијеспор.
Адис Јаховиќ и на 37 години не размислува за пензија, продолжува да игра во Турција, онаму каде што помина најголем дел од кариерата.
Тој во оваа земја настапуваше за Гезтепе, Коњаспор, Јени Малатијаспор, Анталијаспор и Бодрумспор, а сега ќе го носи дресот на Нарлидере Беледијеспор.
Се работи за клуб од пониските лиги во Турција за кој Јаховиќ треба да биде големо засилување.