Ѕвездата на Баерн се повреди против Реал во ЛШ и може да го пропушти ЕП!

by 24 фудбал
1 минути читање

Крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Серж Гнабри се повреди за време на првото полувреме на реванш дуелот во полуфиналето на Лигата на шампионите на „Сантијаго Бернабеу“ против Реал Мадрид.

Томас Тухел беше приморан да го замени Гнабри во 27. минута, а по прегледите е потврдено дека е скината тетивата на 28-годишниот фудбалер. Баерн потврди дека фудбалерот ја заврши сезоната, многу веројатно го чека пауза од неколку месеци и речиси сигурно е дека нема да игра на Европското првенство.

Ова е голем удар за Германија, бидејќи Гнабри е еден од стандардните фудбалери во составот. Во репрезентацијата асот на баварците има 45 настапи на кои даде 22 гола.

Германија на Европското првенство ќе игра во групата А против Шкотска, Швајцарија и Унгарија, а амбициите на „панцерите“ се високи и се планира напад на трофејот. Сепак, Германците ќе мора да го надополнат отсуството на Гнабри на турнирот на кој се домаќини.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани