57
Шведскиот напаѓач на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓокереш е вистински хит со бројот на голови кои ги постигнува, тој е убедливо најдобар стрелец во Европа во овој момент.
Ѓокереш вчера даде четири гола за Шведска во победата над Азербејџан од 6-0.
Стигна вкупно до бројка од 32 гола и 7 асистенции во сите натпреварувања оваа сезона. А уште сме ноември.
Тој во моментов е најдобар стрелец во Лигата на нации, најдобар стрелец во Лигата на шампионите заедно со Кејн, Левандовски и Рафиња (имаат по 5 гола), најдобар стрелец во Португалската лига и најдобар асистент во Лигата на нации.
Шпекулациите велат дека Рубен Аморим ќе го донесе во Манчестер јунајтед во летниот преоден рок.