74
Матс Хумелс беше во немилост на Иван Јуриќ, па германскиот дефанзивец очекува многу поголема минутажа од новиот тренер.
Дури имаше најави и за експресно заминување на Хумелс, но работите може да се променат со доаѓањето на Клаудио Раниери.
Откако стана јасно дека Раниери ќе биде нов тренер на Рома, Хумелс објави пост како гледа во телефонот и напиша: „Јас во последните 72 часа“.
Германецот со тоа сака да каже дека постојано гледал и чекал кој ќе биде нов тренер на Рома.