320
Шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте ги откри адутите на Шпанија за претстојното Европско првенство во Германија.
Де ла Фуенте одбра релативно очекувано и немаше големи изненадувања на неговиот список. Шпанците во последните години се насочени кон млади адути, па така ќе биде и на претстојниот турнир. Селекторот одбра 31 фудбалер од кои петмина ќе отпаднат од конечниот список.
На Европското првенство Шпанија ќе се натпреварува против Хрватска, Италија и Албанија. На стартот „фуријата“ ќе игра со „коцкестите“, а потоа следи дербито на групата со Италијанците, за крај против Албанците.