Шок за Италија: Со повреда пред ЕП се мачи можеби и најважниот играч на „Аѕурите“!

by Стефан
1 минути читање

Одличниот играч за врска на Италија и Интер, Николо Барела има проблем со повреда на бутниот мускул на само 10 дена пред Европското првенство.

„Газета дело Спорт“ утрово ги загрижи Италијанеците со текстот под наслов „Барела запрен, аларм во Италија“.

Евентуалното отсуство на Барела од Европското првенство би бил сериозен удар за Италија бидејќи се работи за играч со голем квалитет и искуство со 53 одиграни натпревари за репрезентацијата. Барел пред три години беше клучен играч на „Аѕурите“ во освојувањето на Европското првенство.

Во Германија сега имаат тешка задача уште во групата бидејќи се со Шпанија, Хрватска и Албанија.

Најавите се дека Спалети сака да го има Барела уште во првиот натпревар против Албанија каде што гледајќи го квалитетот на селекциите ќе им биде тешко доколку не слават победа во тоа прво коло. Сепак, за Барела да настапи против Албанија ќе му биде потребен огромен напредок, се наведува во текстот на „Газета“.

Како можни опции ако Барела дефинитивно отпадне се наведуваат Самуеле Ричи и Николо Фаџоли од Јувентус кој не играше скоро цела сезона поради суспензијата за обложување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани