263
Напаѓачот на Лајпциг, Бенџамин Шешко одлучи да остане во германскиот клуб и покрај големиот интерес од неколку гиганти за неговиот потпис.
Шешко се поврзуваше со повеќе клубови меѓу кои и Арсенал, Манчестер јунајтед, Милан… но негов трансфер летово нема да има.
Словенечкиот напаѓач одлучил да остане во Лајпциг и да потпише нов побогат договор.
Тој ја прифатил понудата на Германците, но со џентлменски договор за заминување во иднина. Веројатно по крајот на следната сезона.