Чави: Тешко е да се објасни, треба да ја заборавиме оваа сезона и да се фокусираме на следната!

by riste
1 минути читање

Чави вели дека оваа сезона ја одбележале индивидуалните грешки, тој е разочаран и гневен по вчерашниот пораз од Жирона.

Барселона го загуби второто место на табелата откако беше поразена на гостувањето кај Жирона со 4-2.

„Тешко е да се најде објаснување за ова. Им го подаривме мечот. На овој меч покажавме индивидуални грешки кои не смеат да се случуваат на ова ниво“, рече Чави.

„Треба да ја заборавиме оваа сезона и да се обидеме следната. Многу разговараме за нашиот менталитет и се обидуваме да ги избегнеме овој вид на грешки, но тие повторно се случуваат“.

„Треба многу работи да промениме за да бидеме конкурентни идната сезона. Оваа сезона ќе биде запаметена како сезона полна со индивидуални грешки. Тие ја одбележаа сезонава“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани