Црвена Звезда пак ја полни касата со милионска продажба

by 24 фудбал
1 минути читање

Црвена Звезда одново ќе направи милионска продажба на свој фудбалер. Настапите во Лигата на шампионите се додадена вредност на играчите, а сега касата на Србите ќе ја наполни Осман Букари.

Станува збор за крилен фудбалер кој во 2022 година пристигна од Гент за три милиони евра. Оваа зима Црвена Звезда имаше можност да го продаде за десет милиони во Чикаго Фајр, меѓутоа одлучи дека играчот е потребен за пролетната полусезона.

Сега, за услугите на Букари сума од седум милиони евра ќе плати Остин Тексас, а ганското крило ќе ја продолжи кариерата во МЛС лигата.

За Црвена Звезда, Букари одигра 77 натпревари, даде 25 гола и запиша 20 асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани