Хитот од Франција нема да игра ЛШ на својот стадион – УЕФА им го одби барањето!

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Брест нема да ги игра натпреварите од Лигата на шампионите на својот стадион стар 102 години во своето деби во Европа следната сезона.

УЕФА денеска соопшти дека овој француски клуб испратил барање домашните натпревари во новиот формат во Лигата на шампионите во кој ќе учествуваат 36 екипи да ги игра на стадионот во Генган.

Стадионот на Брест има капацитет од само 5.000 места и не ги исполнува стандардните на УЕФА.

Европската куќа на фудбалот сега треба да го одобри стадионот во Генган кој има капацитет од 19.000 места и кој е на околу 110 километри од Брест.

Брест никогаш во историјата не се квалификуваше за некое УЕФА натпреварување додека во актуелната сезона заврши на третото место во Лига 1 зад шампионот ПСЖ и вицешампионот Монако.

Од своето деби во Лигата на шампионите Брест ќе заработи најмалку 30 милиони евра, дури и ако ги изгуби сите осум натпревари.

Ждребот за Лигата на шампионите е закажан за на 29. август.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани