Херој од сенка: Во Реал Мадрид има човек за кого финалето на „Вембли“ ќе биде деветто во кариерата

by Стефан
1 минути читање

Често пати во светот луѓето кои работат во сенка се важни како и оние на теренот, меѓутоа светлата на екраните не се вперени кон нив. Едно такво име има и во Реал Мадрид.

Во прашање кондицинскиот тренер на Реал Мадрид Антонио Пинтус кој во таборот на „кралевите“ е вистинска легенда затоа што финалето во Лигата на шампионите на 1. јуни на „Вембли“ за него ќе биде дури деветто во најелитното европско натпреварување.

Карло Анчелоти по шести пат во кариерата ќе биде дел од едно финале како тренер, но бројките на Пинтус се уште поимпресивни. Трипати во натпреварот за најпосакуваниот европски клупски трофеј Пинтус беше како член на Јувентус, едно финале имаше ос Монако и сега го чека петтото во таборот на Реал Мадрид.

Италијанецот има 61 години и неизмерно ценет од сите фудбалери и стручниот штаб, а сега ќе има можност да го подобри својот просек.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани