Халанд го реши Косово, Данска го доби скандинавското дерби

by 24 фудбал
1 минути читање

Во полн ек се подготовките за следното Европско првенство, а пријателски натпревари играат и репрезентациите кои нема да бидат дел од континенталниот собир.

Токму во еден таков тест на силите репрезентацијата на Норвешка со убедливи 3-0 го совлада Косово на „Улевал“ во Осло. Апсолутен херој на победата на скандинавците беше најголемата ѕвезда Ерлинг Халанд. Асот на Манчестер Сити даде три гола во мрежата на Косовците и сам ја донесе победата на селекцијата.

Една од селекциите кои се подготвуваат за Европското е полуфиналистот на минатиот турнир Данска, која вечерва славеше со 2-1 против Шведска. Скандинавските ривали се распукаа на стартот, Пјер Емил Хојбјерг донесе предност во втората, а Александер Исак израмни во деветтата минута. Долго потоа немаше голови во соседското дерби, а човек на одлука беше Кристијан Ериксен во финишот на мечот.

Пред настапот на Европското првенство Данците ќе тестираат и со Норвежаните.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани